Тупанчевски не планира да поднесе оставка: Не го прекршив Етичкиот кодекс

t

Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека не чувствува потреба да поднесе оставка од функцијата поради патувањето во Палермо, каде го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Италија и Македонија

„Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен Етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив“ вели во ексклузивно интервју за Трилинг министерот за правда – Никола Тупанчевски.

„Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба“, дециден е министерот за правда.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во…

Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати…

Тупанчевски не знае каде Русковска треба да…

-Има начин на којшто може да се…

Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува…

Две актуелни пратенички и една поранешна ќе…