Тупанчески: Нема уредена материја за дератификација на меѓународни договори, тие треба да се почитуваат

t

Министерот за правда, Никола Тупанчески смета дека меѓународните договори треба да се почитуваат затоа што произведуваат обврски, права и задолженија.

Според Тупанчески никаде во меѓународното право не е уредена материја за дератификација на договори.

Во вечерашното гостување во дневникот на Сител, Тупанчески рече дека иницијативата за референдум поднесена од Левица мора да биде во согласност со Уставот, Законот за референдум и со Деловникот на Собранието.

„Никаде не е уредена материјата за дератификација, како може еден договор кој што е ратификуван, да биде дератификуван, токму затоа најчесто се повикуваме на меѓународното право и принципите кои што ги уредува оваа материја, или со други зборови кажано, тоа би значело дека навистина треба да се држиме до она што се нарекува меѓународен договор.Единствени субјекти кои што го склучуваат меѓународниот договор се Претседателот на државата и на Владата ,”рече Тупанчески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојди Никола, Илија има нешто да ти…

Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор се…