Објавено на:

Туристичкиот сектор во Албанија загрижен: Забрзано се откажуваат резервации поради протестите кај Валона

t

Протестите што се одржуваат во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец, кај Валона, предизвикаа загриженост во туристичкиот сектор.

Според претседателот на Туристичкиот сојуз, Рахман Касај, странски туристи веќе ги откажале резервациите или се повнимателни во изборот на Албанија како дестинација за нивните летни одмори.

– Неизвесноста создадена од последните случувања исто така влијаеле на бројот на продадени туристички пакети досега. Веќе имаме откажувања на резервации од Словачка, од Германија и други земји – изјави Касај за „Топ чанел“.

Тој додаде дека иако формата на граѓанскиот марш е мирна, одекот од протестите има негативно влијание врз туристичката индустрија бидејќи бројот на продадени пакети видно е намален затоа што клиентите на светските тур-оператори се загрижени и не избираат земја во која има дестабилизација. 

– Туристичката индустрија е единствената што е повеќе погодена од каков било настан, како што се протести или насилни движења во една земја. Имаме пример со Египет, Тунис, еве сега и кај нас, каде што протестите предизвика многу туристички агенции да ја отстранат Албанија од својата листа на дестинации – вели Касај.

На негативните последици од протестите деновиве предупреди и премиерот Еди Рама.

Во 2025 година земјата ја посетиле 12,4 милиони странски туристи, при што остварен е приход од 5,72 милијарди евра. Овие бројки го квалификуваат туризмот како еден од главните столбови на економскиот развој на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена…

Четириесет и тригодишен жител на Битола бил…

Во напад во училиште во Словачка загина…

Напад во училиште во северозападна Словачка, извршен…

Дете со тешки повреди пренесено во болница,…

На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР…

Папата Лав XIV ја опомена и ја…

Европа може и мора да одигра клучна…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…