Објавено на:

Турската елитна ескадрила „Пантер“ ќе го чува небото над Балтикот

t

Турските воздухопловни сили повторно ќе придонесат во мисиите за безбедност на воздушниот простор над Балтикот со распоредување на пет борбени авиони Ф-16 и и екипаж од 76 лица во Естонија, објави турскиот весник „Хуриет дејли њуз“.

Турскиот контингент, кој е дел од 181-та ескадрила на воздухопловните сили со седиште во Дијарбакир, позната и како елитна ескадрила „Пантер“, ќе биде стациониран во воздухопловната база Амари во Естонија.

Турскиот контингент ќе извршува мисии под команда на НАТО од август до ноември, обезбедувајќи 24-часовен брз одговор на потенцијални нарушувања на воздушниот простор над балтичкиот регион.

Балтичката воздушна патролна мисија на НАТО е постојана мирновременска операција, што ја обезбедува безбедноста на сојузничкиот воздушен простор преку постојано присуство на борбени авиони и екипажи во 24-часовна подготвеност за брз одговор. Таа е во функција откако Естонија, Летонија и Литванија се приклучија на НАТО во 2004 година.

Мисијата беше проширена во 2014 година откако Русија го анектираше Крим. Во мисијата учествуваат повеќе од десет борбени авиони од три земји-членки на НАТО на ротациона основа, кои полетуваат од два аеродрома во балтичките држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…

ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…

Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…