Турција привлекла 26,4 милиони странски туристи во првата половина од годинава
Турција ја посетиле 26,4 милиони странски туристи во првите шест месеци од 2025 година, приходите од туризмот достигнале 25,8 милијарди долари, додека просечната потрошувачка по човек се зголемила на 106 долари, пренесува Вијести.
Според податоците на Обединетите нации за туризам во текот на првите шест месеци, странските посетители престојувале во просек 10 ноќевања, што е само 0,9% помалку од претходната година. Сепак, просечната потрошувачка по лице по ноќевање била 106 долари, што претставува зголемување од 8% во споредба со 2024 година.
На прес-конференцијата одржана во Истанбул, беше истакнато дека Турција постигнала одржлив раст во клучните индикатори за туристичките перформанси.
Министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој, објави дека бројката од 26,4 милиони странски туристи претставува раст од 1% во споредба со истиот период минатата година.
Приходите од туризмот во првата половина од годината изнесувале 7,6% повеќе отколку во 2024 година.
„И покрај бројните геополитички предизвици во првата половина од годината, Турција продолжи да постигнува одржлив раст во туризмот. Нашиот стратешки фокус на диверзификација на дестинациите, понудите и пазарите за емитување дава јасни резултати. Дури и во вакви тешки околности, бележиме раст кај клучните индикатори, особено кога станува збор за приходите. Оптимисти сме за следните шест месеци и сигурни сме дека ќе ја исполниме годишната цел од 64 милијарди долари приходи од туризам“, рече Ерсој.
Во првите шест месеци од 2025 година, најбројни биле Руската Федерација со 2,61 милиони посетители, Германија со 2,42 милиони и Обединетото Кралство со 1,75 милиони туристи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција издаде меѓународна потерница за Нетанјаху
Турција издаде меѓународна потерница за израелскиот премиер…
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…