Турција успешно ја тестираше “Тајфун”: Домашно развиена ракета со краток дострел
Турција изврши успешно тестирање на домашно развиената ракета со краток дострел „Тајфун“, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Пробното лансирање го изврши турската компанија РОКЕТСАН во рамките на проектот за развој на ракетниот систем Тајфун на Управата за одбранбена индустрија.
Ракетата успешно ја погодила целта откако беше лансирана од копно во близина на турската црноморска област Синоп во правец кон морето. Тестирањето е извршено во 6.50 часот утринава од локација на Министерството за национална одбрана на аеродромот Ризе-Артвин.
Ракетата прелетала 561 километар за да ја погоди целта во близина на Синоп, јави ДПА, повикувајќи се на снимка објавена од турската новинска агенција Демирорен. Тоа значи двојно поголем дострел од турската ракета „Бора“.
Турција во последните години ги зголеми напорите да создаде сопствено одбранбено производство и е во процес на реализација на различни проекти – од самооден борбен тенк до беспилотен борбен авион, потсетува ДПА.
Во 2017 година, Турција, членката на НАТО, го купи рускиот систем за противракетна одбрана С-400, што наиде на критики од Алијансата. Поради тоа, САД ја исклучија Анкара од заедничката програма за развој на Ф-35.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојка од 22 години стана прв тренер…
Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…
(Видео) Анталија е во пламен — почина…
Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…
Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…
Германија тестираше моќна ракета од фрегата по…
Германската воена морнарица во текот на ноќта…
Турција заработи над една милијарда долари од…
Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…