Објавено на:

Туск предупреди: НАТО се урива, ова е катастрофа

t

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата закана за трансатлантската заедница не се надворешните непријатели, туку внатрешното распаѓање на сојузот.

Туск ова го изјави во контекст на сѐ подлабокиот раскол во рамки на НАТО околу американско-израелската војна против Иран.

„Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку постепеното уривање на нашиот сојуз. Сите мора да направиме сѐ што е во наша моќ за да го свртиме овој катастрофален тренд“, напиша Туск на социјалната мрежа X.

Неговата објава следува само неколку часа откако Вашингтон најави повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија.

Претходно оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за намалување на американското воено присуство во Германија, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц ги критикуваше САД поради недостиг на излезна стратегија во војната со Иран.

Трамп изрази незадоволство и од Италија и Шпанија, најавувајќи можност за повлекување на американски сили и од тие земји, со образложение дека „не биле тука кога на САД им требале“ во конфликтот со Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…

Пандов на средба со делегација на Европскиот…

Директорот на Управата за извршување на санкциите,…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…

Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…