Објавено на:

Туск предупредува на провокации од Русија врз земја-членка на НАТО: Следните шест месеци се одлучувачки, мораме да бидеме подготвени на различни сценарија

t

Премиерот на Полска, Доналд Туск по разговорот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, преку социјалната мрежа Х соопшти дека не може да се исклучи провокации од Русија против една од членките на НАТО.

„Марк Руте штотуку ја сподели со мене својата проценка за ситуацијата во регионот и на украинско-рускиот фронт. Како што предупредував, ескалацијата од руска страна напредува. На Украина ѝ е потребна поголема воздушна поддршка, што е исто така клучно за нашата безбедност. Ова е задача за цела Европа. Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки и ние мора да бидеме подготвени како Полска и НАТО за различни сценарија. Не можеме да исклучиме провокации од Русија против една од членките на НАТО“, напиша Туск на Х.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…

Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…

По средбите со претставници на Американската финансиска…

Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…

Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…

Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…

Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…