Уапсена организирана криминална група за шверц на мигранти од Грција во Германија
Голема организирана криминална група која шверцувала мигранти, претежно од сириско потекло, од Грција до Германија преку таканаречената „Балканска рута“ беше разбиена во заедничка меѓународна операција на германските, холандските и босанските власти.
Како што јавува Н1 телевизија, вкупно пет лица беа уапсени за време на полициската операција, по едно во Германија и Холандија и три во Босна и Херцеговина. Сите уапсени беа сириски државјани кои организирале копнен транспорт на мигранти со возила од Грција до Германија.
Според истражителите, оваа мрежа нерегуларно транспортирала најмалку 500 мигранти од 2021 година, иако членовите на групата рекламирале многу поголем број на социјалните мрежи. Тие барале околу 4.500 евра по лице за нелегалниот транспорт, а се проценува дека заработиле најмалку 1,4 милиони евра од шверц.
Истрагата за оваа група беше овозможена благодарение на претходна заедничка истражна операција, која резултираше со апсење на 29 лица во октомври и ноември минатата година.
Врз основа на овие информации, беше воспоставен контакт и со властите во Босна и Херцеговина, што доведе до апсење на тројца осомничени на нејзина територијата. Според истрагата, членовите на групата повремено користеле сериозно физичко насилство, како и модерни алатки за комуникација во своите активности.
Во текот на оваа недела, како дел од координирана операција, беа претресени четири локации и запленета обемна материјална документација, вклучувајќи мобилни телефони што се користат за шверцување, неколку возила и мали количини наркотици.
Операцијата беше спроведена на барање и во соработка со Обвинителството во Вајден и Федералната криминалистичка полиција во Минхен во Германија, Националното обвинителство и Кралската воена полиција во Холандија, како и Специјалниот оддел за организиран криминал на Обвинителството на БиХ и Државната агенција за истраги и заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Километарски колони на „Евзони“ за влез во…
Километарски колони возила со часови чекаат за…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…
Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…
Мицотакис за Македонија: „Нема суштински напредок во…
Мицотакис за Македонија испрати директна порака во…
Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…