Уапсени дилери, пронајдени психотропни супстанци во Велес
На 04.05.2023 во 16.15 часот во близина на стар мост во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ш.(42) и Р.С.(25), двајцата од Велес.
При преглед кај Р.С. биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин и дигитална вага, додека при преглед кај А.Ш. била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен и претрес во домот на А.Ш., при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…
Уапсена велешанка која се обидела да го…
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…
Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…
На границата меѓу американската држава Калифорнија и…