Уапсени се 15 лица на грчкиот остров Миконос по масовната тепачка во која загина едно лице
Грчката полиција денеска уапси 15 лица во врска со тепачката што вчера вечер се случила на островот Миконос, а во која загина еден маж, а друго лице се здоби со сериозни повреди.
Се очекува дека најмалку седуммина од уапсените ќе одговараат за кршење на законите за оружје, дрога и странци, пишува порталот Екатимерини.
Инцидентот во кој учествувале околу 25 пакистански државјани и во кој биле избодени две жртви, се случил зад ноќен клуб во Миконос.
По тепачката полицијата извршила проверки во пристаништето на островот и на аеродромот со цел да го идентификува и уапси извршителот на убиството, пишува грчкиот портал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…
АНБ во соработка со МВР откри и…
Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…
Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…