Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола
Вчера во 11:45 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно кај клучка Рафинерија од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на патничко возило “опел” со кумановски регистарски ознаки поради основано сомнение дека го управувал возилото со фалсификувана хрватска возачка дозвола.
Против возачот К.А.(21) од Куманово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 378 од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот, соопшти МВР.
Министерство за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеат за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Полицаец фатен како вози со активна забрана…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…