Објавено на:

Уапсен дрвокрадец во Драчево

t

Полицијата вќера уапсила дрвокрадец кој во атарот на село Елово кај Драчево вршел бесправна сеча на дрва, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 15.15 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од с.Елово, скопско. Околу 11.00 часот во атар на с.Елово тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал. Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода“, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата…

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…

(Фото) Запален автомобил во Драчево

Рано утрово во Драчево е запален автомобил,…

Залутано зрно погоди малолетник во двор на…

Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје,…

Булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен пред…

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, проект…

Делови од Драчево утре без струја

Од ЕВН известуваат дека поради зафати во…