Објавено на:

Уапсен е поранешниот советник на Зеленски

t

Артем Шило, поранешен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше уапсен по налог на Врховниот антикорупциски суд под обвинение дека бил дел од група која проневерила 94,7 милиони гривни (2,4 милиони долари).

„Киев пост“ пишува дека членовите на оваа група на Украинските железници им наплатиле трансформатори по цена која е речиси двојно повисока од реалната цена.

Украинските медиуми велат дека Шило бил уапсен вчера и му е одреден двомесечен притвор со кауција од 30 милиони гривни (770.000 долари).

Се вели дека Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) на Телеграма во вторникот објави дека, заедно со Канцеларијата на Специјалниот антикорупциски обвинител (САПО), ја откриле оваа корупциска шема.

Киев пост наведува дека Шило освен што бил советник на Зеленски, работел и за Службата за безбедност на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во семејството на Франсис Нгану: Почина…

Франсис Нгану, поранешниот ММА борец и актуелен…

ДУИ: Без пратениците од Европскиот фронт не…

Бидете сигурни дека ниту една владеачка гарнитура…

Вечерва ќе ,,гори” во Минхен, Реал на…

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од…

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Безживотно тело на почината 26 годишна девојка…

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат…

Европската унија и земјите кандидати мора да…