Уапсен криумчар на мигранти, во возилото му пронашле 12 лица од Сирија и Ирак
Пред 2 дена во 08.30 часот во Гевгелија од страна на полцијата е уапсен 27-годишниот Д.Ј од Гевгелија. Откако полицијата извршила проверка на неговото возило „ауди“ кој тој го управувал без регистрарски таблички биле пронајдени 12 мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак).
„Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото „ауди“, со кое било и возило „бмв“, а кои веднаш потоа го напуштиле местото. По преземени мерки и активности, прво било најдено возилото „ауди“ со мигрантите, а околу 17.00 часот во Богданци било пронајдено и возилото „бмв“, се вели во соопштението на МВР
Од таму додаваат дека мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…
(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…
Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…