Уапсен педофил: На малолетничка и испраќал недолични фотографии, барал да му возврати
На 24.8.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Т.(51) од Охрид.
-Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина, информира МВР.
Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм..
Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…