Уапсен претседателот на Олимпискиот комитет на Полска
Претседателот на Полскиот олимписки комитет, Радослав Пиесјевич, е уапсен под сомнение за корупција, изјави денеска неименуван извор во полското судство.
Пиесјевич е осомничен за примање поткуп при потпишување договори за спонзорство, а истражителите тврдат дека плаќањата биле извршени преку платформата за дигитална валута ZondaCrypto, која полската влада ја поврза со националистички опозициски групи, организиран криминал и руски тајни служби.
„Такво лице не треба да биде претседател на Полскиот олимписки комитет“, изјави полскиот министер за спорт и туризам Јакуб Рутницки на социјалните мрежи, додавајќи оти Пиесјевич „го посрамотил полското олимписко движење и го искористил добриот углед на полските спортисти“.
Истрагата ја води регионалниот оддел во Шлеска за борба против организираниот криминал и корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија не е добиена на подарок, време…
Денес стоиме пред историјатa на еден народ…
Филипче: Имаме аманет и обврска да ја…
И лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче,…
Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе…
Денес стоиме пред историјатa на еден народ…
ММФ предупредува: скапата енергија и растечкиот долг…
Војната на Блискиот Исток, високите цени на…
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…