Објавено на:

Уапсен радовишанец, предизивикал пожар на планината Плачковица, каде изгоре викенцичка

t

Од МВР информираат дека вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го уапсиле З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој бил затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа.

Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.

„По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…