Убава вест – БОРКО РИСТОВСКИ СТАНА ТАТКО: Наместо Ирис ќеркичката доби ново име бидејќи се роди на убав и голем православен празник

t

Голманот Борко Ристовски вторпат стана татко, доби ќерка која ќе се вика Анастасија. Борко не крие дека е среќен што му се родила ќерката, па за „Репортер“ откри дека сè поминало во најдобар ред, а дека неговата сопруга Нина и бебето се чувствуваат добро.

„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија. Нина се породи пред малку и се чувствува одлично. И таа и бебето се добри, а јас и Душан сме пресреќни. Анастасија има 4.230 грама и 53 сантиметри“, рече Борко за „Репортер“.

Анастасија е второ дете на Борко и Нина. Тие веќе го имаат синот Душан, кој наскоро ќе полни пет години, а името го носи по починатиот татко на голманот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејството на Сара до СДСМ: Откажете го…

Форумот на жени на СДСМ ги повика…

(Видео) Филипче: Власта свесно го запира европскиот…

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот…

Мицкоски: Нема гаранции дека уставните измени се…

Премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување…

Мајка си ги малтретирала малите деца, ги…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28)…

Без промени на даноците во 2027 година,…

Предлог-буџетот за 2027 година е креиран со…