УЕФА му довери важна улога на Филип Поповски на дуел од Лигата на шампионите
Македонскиот фудбалски делегат Филип Поповски доби значајна задача од УЕФА и ќе биде делегат на натпреварот меѓу Слован Братислава и Штутгарт во Лигата на шампионите.
Дуелот ќе се одигра на Националниот фудбалски стадион во Братислава, а Поповски ќе биде задолжен за делегатските обврски и организацискиот надзор на натпреварот.
Главен судија ќе биде Босанецот Ирфан Пељто, со асистентите Сенад Ибришимбеговиќ и Давор Бељо, додека четврти судија ќе биде Милош Гиговиќ. За ВАР ќе бидат задолжени Италијанците Даниеле Кифи и Мајкл Фабри.
Натпреварот меѓу Слован Братислава и Штутгарт е закажан за 14 октомври од 21 часот.
Ангажманот на Поповски претставува уште едно македонско присуство во најелитното европско клупско натпреварување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на средба со раководството на Дојче…
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна…
Од полноќ поскапуваат горивата: Бензините за 2,…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
(Видео) Ахмети: Македонија не е на Мицкоски…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа одржа…