Ужасна е состојбата со ЈСП: Од септември ќе биде полошо, тоне во долгови, нема автобуси..

t

„Не можеме да го опслужуме ни летниот возен ред“, призна директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој на функцијата не е ни цел месец.

Најави дека од септември со зимскиот возен ред, ситуацијата ќе биде далеку полоша.

„Од денешен апсект, да не ни се расипе ни еден автобус, ќе недостасуваат 100 автобуси. Во моментов има недостаток од 40-50 автобуси“, рече тој.

Посочи дека и сервисите на автобусите се одвува тешко, дека има долгови кон добавувачите.

„Откажуваат соработка на некој начин, бидејќи ЈСП не може да ги сервисира обврските кон тие договори“, рече директорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови експлозии во Саудиска Арабија: Аеродромот во…

Неколку силни експлозии одекнаа денеска во саудиската…

Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени…

Околу 100 македонски компании се пријавиле за…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Речиси 200 наставници од 80 училишта обучени…

Речиси 200 наставници од 80 средни училишта…

Македонци во Грција добиваат полициски повици за…

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…