Ужас во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка
Загрепски полицаец (46) е уапсен под сомнение дека 15 години ја силувал, и ја малтретирал својата невенчана сопруга. Тој е приведен заедно со неговите пријатели на возраст од 59 и 47 години поради сомнение дека сите сексуално ја злоставувале партнерката на полицаецот со која има дете, објавија хрватските медиуми.
Станува збор за кривични дела силување кои оштетената ги пријавила кај истражителите, а бидејќи надлежното загрепско обвинителство предложило мерка притвор во траење од еден месец, дежурниот истражен судија при Жупанискиот суд во Загреб ги испратил сите тројца зад решетки за да не се влијае на сведоците кои наводно имаат сознанија за страдањата низ кои оштетената поминала со години
Според она што жртвата и го кажала на полицијата, целиот хорор траел од 2010 година до пред неколку недели. Дури тогаш конечно собрала храброст детално да раскаже низ што се поминала за време на заедничкиот живот со полицаецот со кој имала дете. Таа се доверила дека освен што сексуално ја злоставувал, ја малтретирал и физички и психички, а ја терал и на сексуални односи со други мажи, како што се неговите кумови и братучеди.
Според кривичната пријава, оштетениот открил и дека ја терал на проституција, а уште пострашно е што знаел да ја малтретира и пред нивното дете. Неговите осомничени пријатели, пак, ја силувале партнерката на полицаецот, а еден од нив, според пријавата, ја претепал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…
Патник почина во авион во Загреб пред…
Патник починал на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во…
Голем пожар во компанија за рециклирање во…
Пожар избувна денеска нешто пред 15 часот…
(Видео) Драма во Загреб: Скокал по автомобили…
Несекојдневен инцидент се случил денеска околу пладне…
Доjави за бомби во Загреб – евакуирани…
Полицијата во Загреб утрово нареди евакуација на…