Ужас во Нови Сад: Возач покоси четворица тинејџери кои чекале автобус!
Возач кој вечерва излетал од коловозот во Нови Сад повредил четворица тинејџери, од кои тројца се малолетни, а една е девојка, објави порталот „021.рс“.
Според неофицијални информации, несреќата се случила кога возачот на автомобилот излетал од патот и налетал на група млади луѓе на автобуска станица на улицата „Темеринска“ во српскиот град.
Шеснаесетгодишно девојче е повредено и пренесено во Детската болница на операција, 17-годишно момче се здобило со сериозни политрауматски повреди и е донесено во Детската болница во свесна состојба, каде што е лекувано и друго 17-годишно момче, според порталот.
Повредено е и 19-годишно момче, кое е префрлен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, во свесна состојба.
Полицијата сè уште не објавила соопштение за оваа несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…