УЖАС: Католички свештеници злоставувале над 200.000 малолетници!

t

Повеќе од 200.000 малолетници најверојатно биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците во Шпанија, се наведува во извештајот на независната истражна комисија за злосторства врз деца во Католичката црква.

Во извештајот не е наведена точната бројка, но содржи анкета спроведена меѓу повеќе од 8.000 луѓе на барање на комисијата, која покажува дека 0,6 отсто од возрасните Шпанци (речиси 39 милиони луѓе) изјавиле дека биле сексуално злоупотребувани од свештеници кога биле малолетни. Дополнително, нешто помал број Шпанци (0,53 проценти) изјавиле дека како деца биле сексуално злоставувани од лаици кои работеле во верски институции.

Извештајот се однесува на период од 70-тите години на минатиот век до денес.

Шпанија, земја со силна католичка традиција, досега немаше спроведено независна истрага за разлика од Франција, Германија, Ирска и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво се искрале децата, па се истепале…

Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид…

Страшна статистика: Семејствата со помали деца најмасовно…

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

Автобус полн со деца излета од пат…

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн…