Украдени над 100 парчиња огнено оружје од магацин во Косово, полицијата истражува

t

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле украдени од магацин за оружје во Ѓаковица, соопшти Косовската полиција.

Како што се наведува во полициското соопштение, покрената е истрага за случајот, кој е квалификуван како „тешка кражба“.

Кражбата била пријавена во полиција во петокот попладне, а случајот го пријавиле двајца мажи, се наведува во полицискиот извештај.

Засега не е познато кој е сопственик на магацинот, ниту за каков вид огнено оружје станува збор.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар…

Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4)…

Сериозен сајбер напад се случува на секои…

Сајбер криминалот станува сè поголема закана за…

Нападната електроенергетската мрежа во Австрија, 20.000 корисници…

Намерен напад врз електроенергетската инфраструктура во австрискиот…

Ракетен напад врз финансискиот центар во Ријад…

Најмалку 11 лица се повредени во ракетен…

Израел тврди дека Иран активирал тајни ќелии…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изнесе…