УКРАИНА ДА ЈА ПОНИШТИ ЗАБРАНАТА ЗА ПРЕГОВОРИ; Порака на Путин до Зеленски
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ако Украина сака да почне преговори со Русија, треба да го поништи указот за забрана на преговорите и да објави подготвеност за дијалог.
– Претседателот на Украина издаде указ со кој се забранува да се водат мировни преговори со нас. Сите, вклучително и тој самиот. Па, како може некој да преговара ако не го сака тоа. Тие дури издадоа регулаторен документ кој ги забранува тие преговори – рече Путин во интервју за Кинеската државна телевизија во пресрет на посетата на Пекинг.
Тој додаде дека украинската страна, доколку сака да започне преговори, прво треба да ја поништи таа уредба.
– И да објавиме подготвеност за тие преговори. Ние сме подготвени, вклучително и да ги искористиме предлозите на нашите кинески пријатели – рече Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…
Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…
Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…
ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…
Работната група за јазични и малцински права…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…
Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…