Украина нареди евакуација на повеќе од 40 градови и села во областа Дњепропетровск
Украинските власти наредија задолжителна евакуација од неколку населени места во округот Синелниково во регионот Дњепропетровск. Одлуката се однесува на повеќе од 40 градови и села, соопшти денес прес-службата на територијалната заедница Покровске.
Евакуацијата започна на 29 декември 2025 година и ќе трае 30 дена. Селото Волоске во Днепарската област е назначено за транзитна точка за евакуираните.
Властите предупредуваат дека областа моментално е активна борбена зона и дека останувањето таму претставува закана за здравјето и животите на цивилите.
Гувернерот на Черниговската област, Вјачеслав Чаус, денес изјави дека во тој регион е објавена задолжителна евакуација на 14 погранични села. Се очекува процесот да заврши во рок од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…