Украина обвинува дека Русија гранатирала станбени згради во Доњецк

t

Едно лице загина, а неколку се затрупани во урнатините на станбените згради во украинскиот регион Доњецк, врз кои пукале руските сили, соопштија денеска локалните украински власти.

„Руската армија во текот на ноќта истрела шест ракети С-300 кон Доњецк“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека нешто подоцна врз истиот регион биле истрелани уште две ракети.

„Ракетите ги погодија градовите Покровск, Новохродивка и Мирноград, кои се наоѓаат на 25-40 километри од линијата на фронтот“, рече Клименко.

Вработени во Брзата помош извлекле тело на 62-годишен маж од урнатините на катната зграда во Новохродивка, под која најверојатно има уште четири лица, меѓу кои и едно дете, соопштија властите.

Во Покровск се урнати катна зграда, девет куќи и полициска станица. Градоначалникот на тој град, Серхиј Добриак, изјави дека е четврти пат како Покровск бил нападнат во последниот месец.

Сите три цели на градовите се во близина на Авдијевка, град во кој се водат жестоки борби во последните месеци. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДРАМАТИЧЕН ПАД НА СООБРАЌАЈОТ НИЗ ОРМУТ: Само…

Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец практично е…

(Видео) Падна снег во Србија

Првиот снег сезонава ги побеле планинските врвови…

ТАЈНА СРЕДБА НА АЕРОДРОМ ВО ИРСКА: Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржал неочекувана средба…

Сиљановска-Давкова: Мора да се стави крај на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните…

Мицкоски од Њујорк: Наместо промена на институциите,…

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на…