Објавено на:

Украина отвори нов кластер во преговорите со ЕУ

t

Украина денес успешно го отвори својот втор од шесте преговарачки кластери во Брисел, правејќи го следниот чекор на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија.

Шесте кластери за проширување претставуваат листи на реформи што Киев мора да ги спроведе за целосно да се усогласи правно и политички со блокот. Украина го отвори првиот кластер, поврзан со владеењето на правото и демократијата, на 15 јуни, а се очекува Молдавија да го отвори својот кластер подоцна во текот на денот, пишува „Киев индепендент“.

Комесарката на ЕУ за проширување, Марта Кос, им изјави на новинарите дека кластерот отворен денес, означен како Кластер 6, ги опфаќа надворешните односи, одбраната и справувањето со хибридни закани. „Двете земји ќе придонесат за европската безбедносна архитектура“, рече Кос кратко пред церемонијата на отворањето.

Украина сè уште има уште четири кластери за отворање, кои ги опфаќаат широките области на економската политика, животната средина, земјоделството и транспортот. Напредокот во овие области би можел да биде потежок за Киев бидејќи некои земји-членки на ЕУ се плашат од украинската конкуренција.

Сепак, заменик-премиерот на Украина за европски и евроатлантска интеграција, Тарас Качка, изрази оптимизам.

„Процесот на пристапување на Украина се одвива без никакви застои и не гледаме никакви поголеми пречки“, им рече тој на новинарите.

Сè уште не е познато кога точно ќе бидат отворени преостанатите четири кластери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Хоџа: Безбедноста на животната средина бара силни…

Министерот за животна средина и просторно планирање,…

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…

Во однос на поканата на Каракачанов до…

Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…