Украина сака да купи руска нуклеарна опрема вредна 1 милијарда долари

t

Врховната Рада (парламентот )на Украина го поддржа предлог-законот за купување руска опрема вредна 1 милијарда долари за нуклеарната централа Хмелницки.

Украина ќе ја набавува руската опрема преку Бугарија поради забраната за трговија со Руската Федерација.

Набавката ја поддржаа 261 пратеник, затоа што нема каде на друго место да се набави слична опрема“, изјави заменик-претседателот на Радата, Јарослав Железњак.

Сепак, останува отворено прашањето дали Русија ќе им ја продадат опремата на Украинците и на тој начин да го помогнат украинскиот енергетски сектор.

Во 2023 година Украина сакаше да купи опрема за нуклеарна централа од американската компанија „Вестингхаус Електрик Компани“, но не најдее ништо соодветно за своите централи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Андоновски: Дата-центарот ќе се гради догодина, во…

Изградбата на националниот дата-центар би можела да…

Британската разузнавачка агенција не знае каде се…

Британската разузнавачка агенција GCHQ не може да…

Мицкоски со повик до граѓаните: Пријавете корупција,…

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги повика граѓаните…

Петков и Јотова ќе се судат за…

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…