Украина се закани: Нема да учествува на ЛОИ во Париз ако настапуваат руски и белоруски спортисти
Украина се закани со бојкот на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2024 во Париз доколку на нив им биде дозволен настап на спортистите од Русија и Белорусија, кои се исклучени од речиси сите меѓународни натпреварувања по руската инвазија врз украинската територија на 24 февруари лани.
Можноста руските и белоруските олимпијци и олимпијки да бидат поканети на ЛОИ 2024 ја навести вчера париската градоначалничка Ана Идалго, која изјави дека сака нивно учество, но без истакнување национални обележја.
Реагирајќи на најавата на Идалго, украинскиот министер за спорт Вадим Гутцаит, истакна дека такво сценарио е „неприфатливо за нашата држава“.
„Нашиот став е непроменет: Додека трае војната во Украина, руските и белоруските спортисти не треба да учествуваат на меѓународните натпреварувања. Доколку тоа не се почитува не ја исклучувам можноста од бојкот и наше одбивање да настапиме на Олимписките игри“, објави Гутцаит на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…