Украина се пофали: Со “Бајрактар” уништен уште еден руски воен брод
Украинската Влада соопшти дека уништила уште еден руски брод, а Министерството за одбрана потврди дека нападот го извршила со дрон Бајрактар ТБ2.
„Традиционалната парада на руската Црноморска флота на 9 мај оваа година ќе се одржи во близина на Змискиот остров, на дното на морето”, напиша на својот Твитер профил украинското Министерство за одбрана.
Да потсетиме, откако беше изложен на смртоносен пожар вечерта на 13 април, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва” следниот ден потона во Црното Море додека се влечеше до најблиското пристаниште Севастопол.
Пред руските медиуми да објават дека има пожар, а потоа и евакуација на екипажот на бродот, украинските сили потврдија дека го нападнале крстосувачот со противбродски ракети „Нептун” од домашно производство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…