Украина тврди: Путин ќе нареди теротистички напад на Чернобил – Следува катастрофа!
Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира терористички напад врз Чернобил.
– Според достапните информации – Владимир Путин наредил подготовка на терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил. Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста на Украина, се вели во соопштението.
Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Во последните денови, руските трупите ги нападнаа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор.
– Окупаторите се обидуваат да создадат лажни ’докази‘ за да ја обвинат Украина за сè. На подрачјето на аеродромот Антонов во Хостомел, забележани се руски ладилници за автомобили, кои ги собираат телата на загинатите украински бранители, се вели во соопштението. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…