Украинец осуден на 12 години затворска казна во Русија
Олександр Чилик, агент на Главната управа за разузнавачки работи на украинското Министерство за одбрана, е осуден на 12 години затвор, потврди Вториот воен суд на западниот округ за руската државна новинска агенција „ТАСС“. Чилик бил уапсен во Русија пред две години.
„Судот го осуди Чилик на 12 години затвор и парична казна од 500.000 рубли. Првите три години ќе ги помине во затвор, а остатокот од казната во казнена колонија под строг надзор. Делумно ја призна вината и активно помагаше во разрешување и истражување на кривични дела“, рече вработената во судот.
Според руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Чилик, заедно со двајца украински воени разузнавачи, илегално преминале на руска територија за да изградат скриени складишта за оружје и да помогнат во шверцувањето експлозивни направи во земјата.
Уапсен е кога повторно се обидел да ја премине руската граница. Според судот, Чилик користел лажни документи додека минувал низ граничната контрола, инсистирајќи дека целта на неговата посета на Русија е медицински третман.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…