Украинската делегација пристигна во САД на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија
Украинскиот преговарачки тим пристигна во Мајами, Флорида на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија, објави на платформата Икс, шефот на кабинет на украинскиот претседател, Кирило Буданов.
– Ќе имаме важни разговори со нашите американски партнери за деталите за мировниот договор, истакна Буданов.
Тој додаде дека во Мајами допатуваа и шефот на Украинската служба за безбедност Рустем Умеров и преговарачот Давид Арахами, кои ќе разговараат со специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и секретарот на САД за копнената војска Ден Дрисол.
– На Украина и е потребен мир. Се движиме кон резултати, посочи Буданов.
Во нацрт-договорот за завршување на речиси четиригодишната војна на Русија во Украина, неколку главни точки не се решени, првенствено територијалното прашањето.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера наведе дека делегацијата оди во САД за да ги „разјасни“ подготвените документи од Американците, за позициите на Русија.
– Доколку сè биде финализирано и американската страна даде одобрение … потпишувањето (договор) ќе биде можно следната недела, за време на Светскиот економски форум во Давос.
Трамп пред три дена изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да склучи договор“, но оти Зеленски го успорува процесот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…