Украинската прва дама: Војната не го промени мојот сопруг, никој никогаш нема да го промени

t

Руските сили сакаат да „извршат геноцид“ и да ги „уништат Украинците“. Ова го изјави првата дама на Украина Олена Зеленска во интервју за полскиот весник Rzeczpospolita. Според Зеленска, активностите на Кремљ во Украина директно доведоа до заклучок дека Русија се обидува да ја „уништи“ земјата.

„Да, убедена сум дека Русите сакаат да не’ уништат. Сакаат да извршат геноцид. И не е важно што велат, бидејќи нивните зборови не се совпаѓаат со нивните дела“, додаде Зеленска.

Првата дама смета дека војната во Украина не го променила нејзиниот сопруг, претседателот Володимир Зеленски и дека тој отсекогаш бил „човек на кој можете да сметате“.

„Војната не го промени. Тој остана човек кој никогаш нема да го промени. Едноставно, сега целиот свет го виде она што можеби не им беше јасно на сите претходно“, рече Олена Зеленска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…