Украинскиот министер за одбрана не верува дека Русија ќе употеби нуклеарско оружје

t

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека не верува оти Русија ќе употреби нуклеарно оружје во Украина бидејќи тоа не би било ниту прагматично ниту практично, но дека во случајот со Русија треба да се пресметаат сите ризици.

– Мислам дека нема да го употребат. Но, повторно, кога имате мајмун со граната за сосед, треба да процените секакви ризици. Но, не мислам дека тоа е прагматичен и практичен чекор за нив, изјави Резников.

Тој изрази надеж дека Индија и Кина – земји со кои Москва сака да соработува – јасно му посочиле на Путин дека употребата на нуклеарно оружје ќе биде „црвена линија“.

– Во каква техничката состојба е нивното нуклеарно оружје? Дали знаете? Не. Јас? Не. Тие исто така не знаат. Затоа што последниот тест го направија во 1990-тите во Казахстан, пред повеќе од 30 години, истакна Резников

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Приведени 14 лица,…

Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето…

За Филипче платформата „12:05“ е вмровска шема

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со жестоки…

Денес во 14 часот протестен марш во…

Протестен марш по повод првостепената пресуда на…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…