Украинците во паника: Секојдневно губиме до 200 војници, вели Подољак
Украинците губат меѓу 100 и 200 војници дневно, вели Михајло Подољак, висок советник на украинскиот претседателот. Ова претставува највисоката проценета сума досега објавена во јавноста.
Говорејќи за Би-Би-Си, Подољак вели дека една од главните причини за високиот број на жртви е недостатокот на паритет меѓу украинските и руските воени способности.
Според високиот советник на Зеленски, на Украина и требаат стотици од најмоќните артилериски системи што Западот може да ги обезбеди.
Тој за Би-Би-Си изјави дека на Украина и се потребни дури 300 ракетни системи за лансирање за да може да постигне паритет со руската огнена моќ и да ја ослободи окупираната територија.
Подољак додава дека „додека Русија не претрпи сериозен воен пораз, нема да биде можна ниту една форма на дијалог и тие ќе продолжат да се обидуваат да заземат делови од нашата земја“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…