Украинците тврдат дека уништиле руска подморница

t

За украинската страна нападот на бродоградилиштето во Севастопол е еден од најголемите во последните недели. Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина лансирала 10 крстосувачки ракети ос британско потекло кон бродоградилиштето и три морски беспилотни летала врз руски бродови во Црното Море. Бродоградилиштето е од стратешко значење за Русија бидејќи таму се поправаат пловни објекти од црноморската флота. Дел од познавачите сметаат дека овој напад сериозно ќе ги поттикне Руските власти да размислат за штетата што им е нанесена.

Украинскиот претседател Володимир Зеленески посочи дека клучот за заштита на државата и народот е инвестирање во одбраната и безбедноста.

„Нашето оружје кое ќе ги достигне сите цели неопходни за Украина. Нашата економија која ќе може да им обезбеди на Украинците работни места што им се потребни. Општествените функции на државата кои мора да се исполнат. Државна функционалност, особено дигитална функционалност, која мора да стане понапредна од кое било друго место во Европа. Сето тоа се нашите алатки за приближување на победата на Украина.“ – Володимир Зеленски, Претседател на Украина .

Со цел и натаму да се ограничи руската способност за водење војна, Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување на санкциите кон физички и правни лица кои го поткопуваат или загрозувааат суверенитет и независноста на Украина за уште шест месеци, со времетрање до 15 март 2024 година. Со санкциите досега се опфатени речиси 1.800 поединци и субјекти. Во заклучоците на Европскиот совет од јуни 2023 година, ЕУ ја повтори осудата на „руската агресиjа против Украина“, како очигледно кршење на Повелбата на ОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…