Улично куче спасило бебе фрлено во црно кесе во Либан!

t

Улично куче спасило бебе фрлено во црно кесе во Либан. 

Женското бебе е пронајдено напуштено во вреќа за отпадоци што ја носело улично куче  во северниот либански град Триполи во средата.  Случаен минувач го слушнал плачот на новороденчето од црна пластична обвивка што кучето го влечело покрај зградата на градската општина. Пешакот го спасил девојчето, кое наводно било старо само неколку часа во моментот кога било пронајдено и го однел во Исламската болница пред новороденчето да биде префрлено во владината болница во Триполи за дополнителна медицинска помош. Нејзината состојба е сериозна, но стабилна. Властите соопштија дека истрагата е во тек. Десетици луѓе се огласија на социјалните мрежи за да го осудат напуштањето на новороденчето и се понудија да го посвојат, откако фотографиите од бебето со модринки на лицето и телото станаа вирални.

Бебето е фрлено во област која е опасна ноќе, затоа што таму има многу кучиња скитници. Општината претходно се обиде да ги отруе овие кучиња, но организациите за заштита на животните одбија и повикаа на нивна заштита.

Се смета дека сиромаштијата е причина поради која родителите го оставиле детето. Извештајот на Хјуман рајтс воч од 2022 година откри дека повеќе од половина од  Либанците не можат да си дозволат соодветно греење, облека или образование. Дополнително, 43 отсто од населението изјавиле дека не можат да платат за медицинска нега, а 42 отсто изјавиле дека не можат да си дозволат грижа за децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куче паднало во шахта и ги изгризало…

Денеска паднато куче во шахта ги изгризало…

Либан привремено ќе го затвори воздушниот простор

Либан ќе го затвори својот воздушен простор…

Куче нападна и уби 82-годишна жена во…

Сопственикот на стафордот кој уби 82-годишна жена…

Запознајте го Зиги, новата маскота на ЈП…

Зиги е најстариот резидент на ЈП Лајка,…

Гутереш: Прекин на непријателствата на границата меѓу…

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика…