Ултиматум до властите и најава за нов протест следната недела за скандалот на Онкологија
Со поставен ултиматум до властите за една недела да излезат со правда за случувањата на Онкологија заврши протестот пред Обвинителството кој беше организиран поради последните случувања на Клиниката за онкологија, каде што медиумите открија дека се краделе терапии за болни од рак и се продавале на црниот пазар, а на дел од пациентите наместо вистински лекарства им се давал и физиолошки раствор.
Сега се чека реакција од Обвинителството. Оттаму вчера преку соопштение информираа дека се вршат распити а ќе се формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Ги повикаа граѓаните кои имаат сознанија за Онкологија, да ги пријават до надлежните органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…