Унгарија ни донираше 72.000 брзи антиген тестови за Ковид-19

t

Министерството за здравство информира дека преку донација од Република Унгарија обезбедени се 72.000 брзи антиген тестови за КОВИД-19.На примопредавањето на донацијата, како што информира Министерството на социјалната мрежа „Фејсбук“, присуствувале унгарскиот амбасадор Ласло Дукс и министерот за здравство Беким Сали.

-Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман, изјави министерот Сали.Тој се заблагодари за поддршката и солидарноста од страна на Унгарија, со цел поуспешно справување со КОВИД пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…

Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…

Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…

Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…

Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…

Од јахти и приватни авиони до десетици…

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…