Унгарија стави вето на договорот на ЕУ за минимален корпоративен данок од 15 отсто
Унгарскиот министер за финансии, Михали Варга во петокот рече дека неговата земја во овој момент не може да го поддржи договорот на Европската унија за минимален корпоративен данок од 15%. „Унгарија не може да го поддржи усвојувањето на глобалната директива за минимален данок во оваа фаза. Работата не е подготвена. Мислам дека треба да продолжиме со напорите за изнаоѓање решение“, им рече Варга на министрите за финансии на ЕУ за време на јавната седница. Договорот се очекуваше да биде објавен денеска откако владата на Полска се откажа од противење. Сепак, преговорите за оданочување на технолошките гиганти како Apple и Google ќе продолжат сега кога Унгарија стави вето на денешната иницијатива, а најраната имплементација е одложена од следната година до 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…