Унгарската претседателка: Ќе ги поддржиме Србија и Западен Балкан на патот кон ЕУ
Унгарската претседателка, Каталин Новак изјави во Белград дека на Европската унија и е потребна Србија и дека Унгарија ќе го поддржи пристапот на Западен Балкан во Унијата што е можно поскоро.
„На Европската унија и треба Србија, а не само обратно. Затоа ќе го поддржиме приклучувањето на Србија и другите земји од Западен Балкан што е можно поскоро и би ни било драго да го видиме тоа што е можно поскоро“, изјави Новак по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Претседателката на Унгарија изрази надеж дека доделувањето кандидатски статус на Украина и Молдавија ќе го забрза процесот на европска интеграција на Западен Балкан. Србија, рече таа, презеде многу сериозни чекори за да одговори на сите барања на ЕУ.
Додаде дека пристапувањето на Србија во Шенген зоната ќе го намали метежот и ќе го олесни преминувањето на српско-унгарската граница.
Оцени и дека војната во Украина нема наскоро да заврши и посочи дека Унгарија ги поддржала сите пакети санкции, но дека поради последиците од санкциите претстои тешка зима не само за Русија, на која и беа воведени санкциите, туку исто така и за цела Европа.
„До сега гласавме за сите пакети санкции, но секогаш нагласувавме дека не мислиме дека таквата политика е целисходна, бидејќи треба да одредиме кому сакаме да му наштетиме. Бидејќи тие треба да имаат најсериозен ефект врз Русија, сепак, ги гледаме последиците од санкциите во земјите низ Европа, цените растат, инфлацијата расте“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…
Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…
Европската комисија претстави нови насоки со кои…
Унгарија најави откажување од руските енергенси до…
Унгарија планира да се откаже од руските…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…