Унгарски медиуми: Зделката за кредитот од 500 милиони е крајно мистериозна*

t

Унгарскиот магазин „Маѓар наранч“ пишува дека заемот од 500 милиони од унгарската држава е мистериозна и не може во неа да се најде економска оправданост.

Она што е најмистериозно во целата зделка е што каматната стапка е пониска од онаа по која се задолжува унгарската држава или обврзниците што ги издава веројатниот заемодавач, државната Ексим банка. Веројатно затоа и владините претставници и Ексим банката молчат.

Договорот, според Мицкоски, предвидува дека заемот ќе се отплаќа со каматна стапка од 3,25 отсто, со грејс период од три години, со вкупен рок од 15 години.

„Оваа каматна стапка од 3,25 е дури и пониска од она што Ексим банката го плаќа за своите издадени обврзници или од она што државата го плаќа како камата на која било обврзница или заем. Според податоците на Центарот за управување со државниот долг, на последните аукции годишната каматна стапка на 15-годишните и 20-годишните државни обврзници беше над 6 отсто, додека пократките рочности можеби биле под 6 отсто. Тоа значи дека унгарската држава поскапо го финансира сопствениот долг отколку што дава кредит за Северна Македонија. Каков бизнис има во ова Унгарија е мистерија“, наведува „Маѓар наранч“, магазин од Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…