Објавено на:

Уреди за прислушување се пронајдени во салата каде полската Влада треба да одржи седница

t

Полската државна служба за безбедност заедно со Агенцијата за внатрешна безбедност откриле уреди кои може да се користат за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се одржи седницата на Владата на Полска.

Оваа информација на социјалната мрежа Икс ја потврди и портпаролот на полската безбедноста агенција Јацек Добржински, кој напиша дека безбедносните служби пронашле и демонтирале уреди за слушање во просторијата каде што денеска треба да се состане министерскиот совет.

Според него, покрената е и истрага како опремата биле внесена во просторијата, како и за тоа кој ја поставил.

„Службите вршат понатамошни активности во врска со ова прашање“, напиша Добржински.

Полската влада денеска ќе одржи вонредна седница во Катовице, зашто премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум кој се одржува во тој град.

Според најавите, на дневен ред на полската Влада најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање енергетски производи, како и за предлог Законот за дигитални комуникации со кој се воведува кодексот на Европската унија во полските закони.

Полската влада вчера соопшти дека истражува дали се работи за шпионажа од страна на полски судија, кој имал пристап до доверливи информации и барал политички азил во Белорусија.

Инаку, Полска се смета за центар на воени резерви од западните земји за Украина. Затоа се наоѓа во состојба на висока готовност за какви било знаци на шпионски активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…

Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…

Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…

Се намалува инфлацијата во Еврозоната

Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…

Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…