Уредникот на Канал 5 нуди соломоново решение за внесување на Бугарите во Уставот!
Не знам дали на сериозните политичари и аналитичари во Македонија им е едно нешто јасно – официјална Бугарија е пресреќна кога ние се нервираме поради нивните ставови кои се далеку од добрососедски, и се молат да не ги вклучиме Бугарите во Уставот. Повеќе од очигледно е дека се повеќе работат на провокации на кои ние оправдано се „палиме“,затоа што никој во државава не одговара на овие малограѓански политички и интелектуални „силувања“ кои доаѓаат од официјална Софија. А ВМРО ДПМНЕ мавајќи ги по уши СДСМ и ДУИ поради нивниот политички „аутизам“ визави Бугарија , и додава масло на ионака високооктанската општа политичка сцена во Македонија.
Иван С. Мирчевски
Поради ситуацијата во која се најдовме со соседите ни Бугари, и поради фактот што имаме потпишан договор за (не)добрососедство со Бугарија, мора да и погледнеме на вистината ( читај официјална и неофицијална Софија ) во очи. Веќе нема ниту место под тепихот, затоа што е полн со сите изминати проблеми кои сме ги туркале под истиот.
Вокабуларот и мајндсетот на Бугарите не може да се смени во наредните декади ( чест на исклучоците кои ги има во Бугарија ) и тоа треба да ни биде аксиома.
Договорот со Бугарија е потпишан, рамката за преговори не може да се менува во догледен период, а и тоа е исто така аксиома.
Дека Бугарите ни прават и ќе ни прават во иднина се’ што ќе им биде „дозволено“ , немојте да имате никаква дилема затоа што тоа го гледаме на многу примери. Земете го ова како трета аксиома.
Доколку не ги примениме обврските кои сме ги презеле, да не се лажеме, тогаш можеме слободно да се збогуваме со ЕУ во реално догледен период. Не би пишувал за причините затоа што ги има многу, а искуствено, времето не работи за послабите…напротив, времето сигурно не работи за Македонија. Ова е мојата 4та и последна аксиома.
После овие 4 аксиоми, јасно ни е дека треба да превенираме а не да лечиме, па затоа предлагам Закон за преговори со ЕУ. Во тој Закон ќе бидат вметнати есенцијалните измени на сегашните домашни регулативи, вметнување на нови обврски како и допрецизирање на постоечките, со цел – без наведната глава и грб да продолжиме по патот на ЕУ.
Во тој Закон треба да се потенцираат следниве моменти:
– Кондиционално вметнување на Бугарите во Уставот, што значи дека вметнувањето на „делот на бугарскиот народ“ нема да биде вклесан во камен, и ќе зависи од поведениете на официјална Софија во текот на преговорите. Тоа значи дека во Законот за преговори со ЕУ ќе се обврзе сегашната но и сите други идни влади дека имаат облигација да во момент ако Македонија се соочи со блокада од Бугарија базирана на нашите „црвени линии“, ќе има облигација да предложи до Собранието барање за изземање на „дел од бугарскиот народ“ од преамбулата на Уставот на Македонија.
– Во Законот треба да биде нотирано и дополнително уредено дека секој граѓанин на Македонија не може да ја смени сопствената изјава за етничка припадност дадена на последниот попис се до реализација на следниот опис, кој би требал да биде за 10 год.од сега. Ова ќе има позитивен и домицилен и регионален ефект.
– Од моментот на изгласува на овој Закон и објавата во Службен Весник, се забранува поседување на двојно државјанство со други земји се до влезот на Македонија во ЕУ. Секој кој нема да ја почитува оваа одредба ќе биде парично казнет со висока сума и би го изгубил македонското државјанство. Ова сметам дека е круцијално за да се избегнат т.н. „економски пасоши“ и истовремено е пример и во : Украина, Холандија, Австрија, Естонија, Бугарија, Шпанија, Норвешка, Латвија и Литванија
– Ревизија на листата на Бугарски граѓани на кои им се забранува влез во Македонија. Истите лица и нивни роднинско поврзани лица со нив, не ќе можат да водат било каков бизнис Македонија.
– Комплетна промена на составот на нашата сегашна историска комисија и замена со нови лица , кои ќе бидат консензуално договорени меѓу власта и опозицијата.
– За времетраење на преговорите со ЕУ, се забранува на било кој орган на власта да потпишува нови протоколи, договори и други документи кои ќе имаат облигационен или неформален карактер, без претходно да има јавна расправа за истите.
– Министерството за правда и надворешни работи сериозно да ја надлегудуваат ситуацијата со имплементацијата на пресудите од ЕСЧП од Стразбур кои се однесуваат на здружувањето на Македонците во Бугарија. Доколку Бугарија после рокот даден од Советот на Европа за имплементација на пресудите од Европскиот Суд за човекови права не постапи по истите, Владата на Македонија е задолжена да бара исклучување на Бугарија од Советот на Европа, и да донесе реципрочен акт за статусот на здруженијата на Бугарите во Македонија, се’ до моментот кога официјална Софија ќе имплементира барем една пресуда на ЕСЧП од Стразбур.
– Со овој Закон ќе се уреди и дека Бугарската заедница може да има само еден час ТВ и радиска програма неделно на Бугарски јазик на јавниот сервис, МРТ, програма кој нема да се коси со чл.48 од Законот за медиуми ( ЗААВМУ ). На последниот попис од 2022 год. во Македонија се попишано 0,19% етнички Бугари па следствено на т.н. балансер ова е реципроцитетен квантум на ТВ и радиска програма. Истовремено, ќе треба да се креира едно ново тело во рамките на Агенцијата за медиуми ( АВМУ ), која мора сериозно да ги следи ТВ програмите кои се или ќе се емитуваат или реемитуваат на територија на Македонија, со цел повреда на позитивните законски прописи и особено гореспоменатиот чл.48
Посебна глава во овој Закон за преговори со ЕУ би бил посветен на делот на нашите т.н. црвени линии, Резолуција која беше предложена од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана во 2021 год. во Собранието на Македонија.
– Во оваа глава јасно и прецизно би стоело дека додека траат преговорите, доколку Бугарија се обиде непринципиелно да ја блокира Македонија , особено за прашања повразни за Резолуцијата од 2021 год., Македонската Влада ќе мора да го раскине договорот со Бугарија, а Владата ќе поднесе до Собранието барање за изземање на Бугарите од Уставот на Македонија, се до оној момент дури не се одблокира преговарачкиот процес.
Господо политичари, Македонија не се сака од инает или со политички аутизам.
Се сака пред се со ум, срце и душа, па затоа почнете да гледате барем 3 чекори однапред, за да не се „шокираме“ од следните Бугарски сценарија…
Седнете и договорете се, затоа што сум убеден дека доколку се подготвиме на ваков начин, кој патем формално-правно не се коси со обврските од преговарачката рамка, оваа ваша прва политичка сплотеност ќе биде најдобриот одговор за официјална Софија…далеку повеќе отколку да не ги ставиме во Уставот.
Иван С. Мирчевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот…
Во гостувањето во Тема на денот во…
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…
Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…