Урнебесен текст: Дочек на нова година на времето и сега

t

Божидар Божиновски уште еднаш предновогодишно нѐ насмеа со урнебесен текст за дочекот на новата година некогаш и денес.

Во продолжение објавата на Бижоновски:

– Нова Година на времето:

– Имаш балони воено зелен, сојуз на комунистичката црвен, мокрача после дехидрација жолт и можеше да ги купиш 15 дена пред и после нова година па ги чуваш до август.

– Елката изгледаше ко да ја има нападнато Боров четник, искубана и се редеше на печка 6-ка. Од штетните гасови кои се создаваа од елката на вклучена печка гарантирано барем двајца од семејството добиваа потешки белодробни заболувања и ја чекаа новата година во болница

– Украси: петокрака, лампиони во форма на топка: светло зелен, жолт, розев. Главен настан е пуштањето на сијаличките, таква радост нема до јуни дур не фати татко ти 5-ка на лото

– Новогодишен шопинг: мелено за сарма, потколеница за пифтија, два вида сок, гајба пиво во стаклено и 17 леба оти продавниците отвараат дури во април

– Дедо Мраз: слаб со цироза и едно пакетче памук на лицето, мириса на вињак денешен и вињак од вчера

– Пакетче: прехрамбено кондиторски производи ко пакет од ЈНА, шеќерна табла поради која 5-тина од Македонците имаат дијабетис, млеко во прав, три балони, честитка

Нова Година сега:

– Балони кој ги е*е, имаш и во јуни и во секакви бои. Можеш да земеш со букви и да напишеш “Среќна Нова Година”, “2023 биди добра со мене”, “Ѕинго император”. Балон во форма на Дедо Мраз, во форма на Маша и Медо, во форма на Ристо Никовски, во форма на лајк од Фејсбук

– Елката не е повеќе закана за здравјето па можеш да земиш мало елче и да го наредиш во две бои (кои сакаш бои, не само комбинација од светло зелена, жолта и розева) со панделки со златни пари и други пичкематерине. И не се кити само елка туку и домот. Машината за перење со новогодишен дух, на балконот Дедо Мраз, на апаратите на кој е приклучен дедо ти балони со хелиум, тоалетна со ирваси

– Новогодишен шопинг: Дубаи од 199 евра, виенски божиќен пазар за само 299 евра, до Солун по пиво со вкус на солзи од еднорог, тартуфи, индиски ореви…

– Дедо Мраз: професионалец. Не изгледа како да излегол од логор и да го облекле во црвено, него има брада, наочари, висок холестерол и срцева болест. Нормално и наплаќа да му даде на вашето младунче пактече

– Новогодишно пакетче: може да е само ќеса (во случај да не се алергични на пластика) или да има Фереро Роше, девет видови чоколади Маша и Медо, Орео, чипс со вкус на компир, чипс со вкус на сѐ освен компири и 0 производи произведени источно од Осјек

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напладне продолжува седницата за изборот на новата…

Денеска во 12 часот ќе продолжи седницата…

Пуштена во оптек новата монета од две…

По повод 20-годишнината од еврото и почетокот…