Условот на Курти за патријархот на Српската православна црква бара патријархот да ги осуди барикадите, а потоа да го пушти на Косово

t

Како што се наведува во писмото, главниот услов поставен пред патријархот е јавно да ги осуди барикадите на северот на Косово и „криминалните структури на северот“.

„Во врска со барањето за посета на Патријархот на Српската православна црква на Република Косово*, објавено за 26-28 декември 2022 година, ве известуваме дека Владата на Република Косово е запознаена дека членовите на Српската православна црква повеќе од 16 дена е активно вклучена во обезбедувањето поддршка на криминалните групи кои одржуваат барикади на северот на Република Косово*. Господинот Предраг Поповиќ пред неколку дена јавно призна дека при влегувањето во Република Косово* ги посетил демонстрантите на барикадите во Лепосавиќ, илегално по алтернативни патишта, со цел – како што наведе – да ги избегне патролите на КФОР“, стои во писмото од Приштина.

Тие понатаму наведуваат дека Bладата на Република Косово ги следи извештаите за киднапирањето на шестмина косовски државјани од српска националност од страна на српските безбедносни агенти, неодамна, на северот на т.н. ) Република Косово. Според тоа косовската Влада очекува СПЦ да ги осуди ваквите дела, како предуслов за одобрување на барањето за посетата – се наведува во писмото на офицерот за врска во Приштина. .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…

Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…

Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…

(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…

Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…

По затварањето на Алта банка во Србија…

Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…