Уставен суд ќе чека пратениците да им дадат судии за да им ги скрати патните трошоци – Одлука за укинување на привилегиите не е донесена
Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука по иницијативата на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кои ги оспоруваат точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина. Судиите не донесоа одлука, бидејќи го немаше потребното мнозинство на гласови.
-Судот не донесе одлука од причини што предлогот не доби потребно мнозинство гласови. Во иницијативата беа оспорени точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина (“Службен весник на Република Македонија” бр.106/2006, 143/2007 и 161/2018), информираат од Уставниот суд.
Според подносителите на иницијативата ваквата привилегија се коси со неколку одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието, каде прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини.
Во иницијативата, меѓу другото е посочено дека за извршената општествена должност и придонесот кон заедницата, пратеникот добивал плата и надоместок на плата.
Според подносителите на иницијативата, Собранието со носење на оспорената комисиска одлука донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници излегувало од рамките дадени во Уставот и наведените закони предвидувајќи надоместок на трошоците за патарина којшто надоместок како таков воопшто не бил предвиден ниту со Устав ниту со закон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
Забраната за двојно државјанство за пратениците денеска…
Денеска во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија,…
Пратениците од власта го одбија предлогот за…
На денешната седница во Собранието беше одбиен…
Гаши ги замолил пратениците културно да се…
Пратениците да го подигнат нивото на меѓусебна…